Три жени во Велес, во одделни случаи пријавиле закани, агресија и употреба на сила извршени над нив од машки лица, во рок од 24 часа.
Првата пријава е од раните утрински часови денес, односно во 00:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 26-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговата 22-годишна поранешна партнерка.
-При преземање мерки и извршени проверки, било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Вториот настан е од вчера, кога во 17:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 28-годишник од велешко село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и се заканувал на неговата 46-годишна вонбрачна партнерка.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Третиот случај е исто така од вчера, кога во 18:20 часот во СВР Велес, 36-годишна велешанка пријавила дека по претходно недоразбирање со нејзниот сопруг, со кој биле во бракоразводна постапка, во домот дошле родителите на сопругот и по вербална расправија, нејзинот свекор со употреба на сила ја извлекол до ходникот и побарал да ја напушти куќата.
Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од полицијата.
Деск
ЗАКАНИ ЗА ПАРТНЕРКА, АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ПОРАНЕШНА ПАРТНЕРКА И СВЕКОР КОЈ ВЛЕЧЕЛ СНАА НИЗ ХОДНИК: ТРИ ПРИЈАВИ ВО ВЕЛЕС
2 Mins Read

