Последниот поздрав на мајката, пред да замине на училиште, од каде никогаш не се врати. На социјалните мрежи се споделува срцепарателната фотографија од Микаел Мирдораџи, ученик во трето одделение од Иран, кој со тешкиот школски ранец и шише вода во рака и мавта на својата мајка на скалите, на пат кон неговото училиште.
Микаел е еден од 165 ученици од Минабу, кој загина во разорниот воздушен напад извршен врз неговото основно училиште. Неговата последна фотографија ја објавија иранските државни агенции ИРНА и Прес ТВ, и стана трагичен симбол на нападот кој се случи во саботата наутро.
Загинатите ученици беа погребани во вторникот. Според локалните власти, 69 жртви не биле идентификувани, бидејќи телата на децата биле изгорени до непрепознатливост. Родителите си ги препознавале децата по накитот и по ранците.
САД и Израел изјавија дека го истражуваат инцидентот, а американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека силите на САД намерно не би го погодиле училиштето.
Деск
ПОСЛЕДНИОТ ПОЗДРАВ НА МАЈКАТА: МИКАЕЛ Е ЕДНО ОД 165-ТЕ УБИЕНИ ДЕЦА ВО НАПАДОТ НА УЧИЛИШТЕ ВО ИРАН
1 Min Read

