Центарот за управување со кризи објави дека вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, животот го загубил нивниот колега, Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола.
-Драг Љупчо, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Битола и Демир Хисар секогаш кога тоа беше потребно.
Денес, кога се простуваме од тебе, со тага но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста, објавија од ЦУК.
Тој ќе биде погребан утре, на локалните гробишта во селото Жван во 13.30 часот.
Деск

