Три жени биле приведени во полициската станица во Неготино вчера, извести Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што посочуваат од секторот, вчера во 17:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 39-годишната А.Ј. од село Тремник, неготинско и Е.В.(39) и М.С.(41), двете од Неготино.
-Откако биле забележани од полициски службеници, А.Ј. и Е.В. фрлиле марихуана и бела грутчеста материја, кои биле пронајдени и одземени.
Трите биле приведени во полициска станица и известен бил јавен обвинител, истакнаа од полицијата.
Од таму додаваат дека по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Деск

