Во периодот од 01.02 – 28.02.2026, Државниот пазарен инспекторат спровел 1.689 инспекциски надзори низ цела Македонија, а биле издадени 272 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 7.469.383 денари, односно над 121 илјади евра.
Од ДПИ информираат дека најголем број надзори се реализирани по:
• Закон за трговија – 481 надзор
• Закон за финансиска дисциплина – 413 надзори
• Закон за угостителска дејност – 210 надзори
• Закон за занаетчиство – 158 надзори
• Закон за заштита на потрошувачи – 148 надзори
-Изречени се и 84 опомени, по кои ќе следуваат контролни надзори во наредниот период. Инспекторатот континуирано спроведува контроли согласно законите и годишните планови, како и по пријави од граѓани и институции, соопштија од инспекоратот, и апелираат до граѓаните да пријават неправилност на телефонскиот број 191.
Деск
ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ИЗДАЛ ПРЕКРШОЧНИ ПЛАТНИ НАЛОЗИ ОД НАД 121 ИЛЈАДИ ЕВРА ВО ФЕВРУАРИ
1 Min Read

