Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, дизелот ќе поскапи за 14,5 денари и ќе изнесува 85,50 денари за литар, цената на бензините ќе се зголеми за 5 денари и Еуросупер БС 95 ќе чини 79,50 денари за литар, а литар Еуросупер БС 98 ќе чини 81,50 денари.
Маслото за горење Екстра лесно 1 ќе чини 82,50 денари за литар и бележи зголемување од 12,50 денари, а мазутот 42,5 денари за килограм.
Поскапувањето на нафтата директно ќе се одрази врз секојдневниот живот на граѓаните. Зголемувањето на цените на бензинот и дизелот, автоматски значи дека граѓаните ќе плаќаат повеќе за гориво и превоз.
Покрај тоа, поскапото гориво ќе ги зголеми трошоците за транспорт на стоки. Поради тоа, можно е да дојде до постепено поскапување на основните производи како храна, облека и други услуги. Тоа може да создаде дополнителен притисок врз домашниот буџет на граѓаните.
Економистите предупредуваат дека ваквите промени најмногу ги погодуваат семејствата со пониски приходи, бидејќи поголем дел од нивниот буџет оди за основни трошоци.
Затоа, поскапувањето на нафтата може да доведе до намалување на куповната моќ и пад на животниот стандард.
Деск

