Главниот готвач на Нома, еден од највисоко оценетите ресторани во светот, поднесе оставка поради обвинувања за злоупотреба, објави Би Би Си.
Тетовецот Рене Реџепи го објави своето заминување на социјалните мрежи, велејќи: “По повеќе од две децении градење и водење на овој ресторан, одлучив да се повлечам и да им овозможам на нашите извонредни лидери сега да го водат ресторанот во неговата следна глава.”
Поранешни вработени го обвинија готвачот за создавање токсична работна средина, вклучувајќи вербално и физичко злоставување, според медиумските извештаи.
Ресторанот од висока класа, кој е базиран во Данска, се подготвуваше за отворање на локал и во Лос Анџелес, но корпоративните спонзори се повлекоа по обвинувањата за злоупотреба и протестите пред неговата локација.
Во изјава објавена на Инстаграм, Реџепи рече: “Извинувањето не е доволно; ја преземам одговорноста за сопствените постапки, пренесе Би Би Си.
“За секој што се прашува што значи ова за ресторанот, да кажам јасно: тимот на Нома денес е најсилен и најинспиративен досега”, додаде тој.
“Отворени сме 23 години и неверојатно сум горд на нашите луѓе, нашата креативност и насоката во која се движи Нома.”
Тој рече дека тимот ќе ја продолжи својата работа во локацијата во Лос Анџелес без него.
Деск
ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА, СПОНЗОРИТЕ НА ГОТВАЧОТ РЕНЕ РЕЏЕПИ СЕ ПОВЛЕКЛЕ, А ТОЈ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
1 Min Read
Previous ArticleДЕНЕС ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ПОРАДИ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ

