Семејствата на жртвите од Кочани во раните утрински часови, односно од 02.15 до 02.32 часот на 16 март, ќе се соберат пред таканаречениот клуб Пулс, местото каде пред една година се случи трагедијата.
Времето на собирот е симболично, токму во оние мигови кога започна и се одвиваше најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, во која животите ги изгубија 63 деца и младинци, а над 200 беа повредени.
Собирот е насловен Светлина што останува, и е најавен во програмата за одбележување на годишнината од настанот.
Одбележувањето се одвива три дена, односно започна вчера, а ќе заври утре, со низа на ригодни настани, во чест на прерано згаснатите животи.
Деск

