Министерството за надворешни работи ги известува нашите граѓани кои се наоѓаат во ОАЕ дека во вторник ќе се врши евакуација со лет од Дубаи до Скопје.
-Се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје.
Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, известуваат од министерството.
Евидентирањето може да се изврши на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби Телефон: +971 56 441 7532
Деск
Previous ArticleСЕДУМ ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ЕДЕН ДЕН

