СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Н.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно претставување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, извести МВР.
Како што информираат од министерството, на 29.12.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, кој се претставил како полициски службеник, со службена легитимација на МВР.
Додека, по преземени мерки било констатирано дека е пензиониран службеник, а од прегледот на неговата чанта била пронајдени и одземени рамка за пиштол, муниција и метален боксирач.
Деск

