Почина чичко Драги од Рекорд, човекот кој поради болест го изгуби гласот, а чии дела беа погласни од зборови. Веста за смртта на Драги Паровски ја објави неговата сосетка и пријателка, вокалистката Тина Алексовска.
Чичко Драги живееше сам, а неговиот дом беше засолниште за повеќе од десет улични кучиња кои тој лично ги спасил и за кои секојдневно се грижеше.
Тој секојдневно продаваше ситници во населбата Рекорд, во периодот од 08:00 до 12:00 часот, со надеж дека со заработеното ќе успее да купи храна за себе и за кучињата.
Поради здравствени проблеми, чичко Драги го имаше изгубено гласот, па комуницираше пишувајќи на лист хартија.
Пред три месеци беше актуелен апел за помош за негово лекување, но иза купување на храна за кучињата за кои тој посветено се грижеше.
Деск

