Необична приказна во последните денови привлекува големо внимание во Грција. Неколку Грци кои моментално се во Дубаи сакаат да се вратат во Грција, но не сакаат да ги остават своите миленици зад себе. За нив, кучињата и мачките не се само животни, туку се рамноправни членови на семејството, објави Грчкаинфо.
Проблемот настана затоа што на почетокот на евакуациските летови немаа капацитет да превезат толку голем број животни. Како резултат на тоа, некои Грци изјавија дека би претпочитале да останат во Дубаи додека не се најде решение што ќе им овозможи да патуваат заедно со своите миленици.
Како одговор на оваа ситуација, беше покрената иницијатива за организирање специјален лет наречен “Операција Ноева арка”. Специјалниот лет на “Егеј Ерлајнс” требаше да донесе дома околу 90 Грци и околу 100 нивни миленици од Дубаи во Грција, почитувајќи ги сите потребни процедури за транспорт на животни по воздушен пат.
Сепак, ситуацијата дополнително се искомплицира кога летот беше откажан завчера откако аеродромот во Дубаи повторно беше погоден од напад со дрон, што доведе до привремено прекинување на летовите.
Како резултат на тоа, многу семејства кои веќе ја одбиле евакуацијата без своите крзнени пријатели повторно останаа во неизвесност среде растечките тензии.
Оваа приказна предизвика бројни реакции и дебати во Грција, но исто така служи и како потсетник за нешто важно – за многу луѓе, милениците навистина се дел од семејството, а помислата да ги остават зад себе, дури и во тешки околности, е едноставно незамислива.
Грчката влада затоа се обидува да најде безбедно решение што ќе овозможи на луѓето и на нивните миленици да се вратат дома заедно штом ситуацијата се стабилизира.
Деск

