Целoвечерен поетско-музички настан по повод Светскиот ден на поезијата, во организација на Издавачкиот центар ќе се одржи на 18 март, со почеток во 19 часот, во Лабораториум.
Под слоганот „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша.“, вечерта ќе ги обедини поезијата, музиката и гласовите на над 30 домашни автори, во атмосфера посветена на убавината на зборот и неговата моќ да нè поврзува.
Како што е најавено од издавачкиот центар, пред пристуните ќе настапи Зарина Првасевда, а влезот е слободен.
Деск

