Преку сопствена продукција, Тамара Грујиќ им помогна на повеќе од 200 семејства; со изградба на повеќе од 200 куќи, скоро 1.200 луѓе добија покрив над главата, од кои 1.000 се деца. Пред тоа, како водителка, таа им помогна на 88 семејства, но никогаш не си ги препишува заслугите за овие достигнувања и останува препознатлива по својата скромност.
Тамара (49) е автор и продуцент, по потекло од Пирот, и е позната во регионот по серијалите ,,Работна акција” и ,,Тамара во акција”. Нејзината емисија не е само програма, туку мост меѓу болката и надежта. Преку неа, таа ги наоѓа оние што се невидливи за општеството и им подава рака кога најмногу им треба. За некого е глас, за друг спас, а за многумина – причина повторно да веруваат.
Покрај семејните домови, во посебни иницијативи, таа и нејзиниот тим ја реновираа педијатриската онколошка служба на Детската клиника во Крагуевац, обезбеди половина од средствата за товарен лифт, кој клиниката го немаше, реновираше две простории за Здружението за церебрална парализа во Ужице и реновираше четири основни училишта во Прокупље, Пирот, Врање и Книќ.
Тие, исто така, реновираа куќа на Фрушка Гора, наменета за здружението Нурдор за закрепнување на децата после тешко лекување. Тие целосно ја опремија и Куќата на надежта во Банја Ковиљача, која е наменета за родители чии деца се лекуваат од различни форми на попреченост, главно церебрална парализа. Тоа се деца кои го изгубиле правото на бањско лекување поради својата возраст.
Деск
Previous ArticleМАКПЕТРОЛ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА

