Се распишува Конкурс за избор на Директор на МРТ и за Заменик на директорот на МРТ, според условите и постапката утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Статутот на ЈРП МРТ, објави јавниот сервис.
На функцијата директор во изминатите 15 години е Марјан Цветковски.
Како што е истакнато во огласот, Директорот и Заменикот на директорот се избираат за период од три години со можност за повторен последователен избор.
Кандидатите треба да имаат високо образование, да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години, да имаат работно искуство од најмалку осум години во областа на комуникологијата, новинарството, информатиката, културата, економијата или правото и да имаат искуство со раководење организација од најмалку четири години.
Деск

