Животна пресвртница му се случила за време на концерт во Германија, кога случајно во публика ја забележал жената на неговиот живот.
Со своите 37 години, тој е горд на бракот исполнет со љубов кој трае 16 години, на четирите деца кои ги добија со сопругата Асена и на меѓународната кариера. Исеин Агушев, познат како Џамбо Агушев – кралот на трубата, ја продолжи семејната традиција и го направи оркестарот Агушеви познат во целиот свет, освојувајќи голем број на престижни музички награди во многу земји.
Посветен на кариерата, тој ја помина младоста по турнеји, а токму на една турнеја во Германија, за време на неговиот концерт, му се случила животната пресвртница, кога во публиката ја забележал Асена.
Таа е Турчинка по потекло, но живеела во Германија. Многу му се допаднала и Џамбо ја поканил на состанок по концертот, па така започнала нивната љубовна приказна, од која се изродија четири дечиња.
Џамбо не крие дека семејството е неговата најголема поддршка, и дека стабилната семејна средина е клучна за одржување на баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, што директно се одразува и врз квалитетот на неговата работа.
Деск
ЈА ЗАБЕЛЕЖАЛ ВО ПУБЛИКА НА КОНЦЕРТ И СЕ ВЉУБИЛ, ДЕНЕС СЕ ГОРДИ РОДИТЕЛИ НА ЧЕТИРИ ДЕЦА
1 Min Read
Previous ArticleОСУМ ГОДИНИ БЕЗ МАКЕДОНСКАТА РОК ЛЕГЕНДА – КАНГО

