Гордана Попоска, самохрана мајка на Петар, кој е со дијагноза Tyrosine Hydroxylase deficit, бара помош од хуманите граѓани, бидејќи на нејзиниот син му е потребна операција, како и физикална и роботска терапија која следува по операцијата, во износ од 40.000 евра.
Како што истакнува мајката, поради слаба циркулација во левата нога и големи болки кои не се смирувале ниту со аналгетици, како и неможност да спие по цела ноќ, им била закажана операција, со која Петар ќе се ослободи од болката и деформитетот на стапалото.
-И оваа операција повторо ќе биде во Истанбул, бидејќи поради неговата болест не може да се изведе кај нас. Јас како самохрана мајка која долги години минувам по болници, не можам да ги обезбедам овие средства, но можам заедно со вас. Мои сакани, хумани луѓе, уште еднаш заедно да му помогнеме на мојот син Петар, да го спасиме од големите болки и да отидеме навреме на операција. Секој изминат ден за него представува тешкотија која со операцијата ќе биде големо олеснување и ќе има голем напредок во неговата здравствена состојба, порача Гордана.
Хуманите граѓани можат да помогнат со донации на следните сметки и телефони:
Трансакциска сметка: 270-7000821760.21
Примач: Gordana Poposka (HALKBANK)
Онлајн донации:
https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-petar
https://gofund.me/7cd3cbca9
Телефони за донација:
T-Mobile: 143-161
A1: 143-479
Деск

