-Верувајте во своите способности. Од Македонија може да се стигне до врвни научни институции во светот, само се потребни посветеност, истрајност и подготвеност постојано да се учи и напредува, гласи пораката на Ванчо Коцевски. 
Тој е директор на Институтот за пресметковни откритија и инженерство на Универзитетот во Мичиген. Неговата успешна приказна ја сподели Природно-математичкиот Факултет, чиј студент во минатото бил Коцевски, кој по потекло е од Охрид.
Во моментов тој работи на развој и координација на интердисциплинарни научно-истражувачки иницијативи, кои ги поврзуваат природните науки, инженерството, информатиката, вештачката интелигенција и високо-перформансното пресметување.
Неговата приказна е доказ дека со упорност, љубов кон знаењето и верба во сопствените способности, границите не постојат, а образованието е клучот кон успехот.
Деск
УСПЕШНА ПРИКАЗНА НА ОХРИЃАНЕЦОТ КОЦЕВСКИ: СО ПОСВЕТЕНОСТ И УЧЕЊЕ, ДО ЧЕЛНА ФУНКЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТ ВО МИЧИГЕН!
1 Min Read

