Дојдоа вчера од полиција, разговараа со 19-годишниот син на Злата, беше повикан да даде примерок за ДНК анализа. Исто така, од полиција му ги побараа лозинките од компјутер, но никој не ни кажа зошто се прави тоа, за ВИКИМЕДИА вели Ангел Јанков, брат на Дејан, кој веќе 12 дена штрајкува со глад пред полициската станица во Свети Николе.
Тој го започна штрајкот, со цел да се обрати внимание на случајот со неговата сопруга Злата, која исчезна на 16-ти јуни 2024 година, на 45-годишна возраст и конечно да се дознае судбината на жената.
Покрај него постојано е неговиот брат Ангел, кој открива дека Дејан денес со тешко нарушено здравје пак бил пренесен во болница, каде му се дава терапија.
-Во многу лоша состојба е брат ми, но нема намера и по цена на живот да го прекине штрајкот. Целосно е исцрпен, не може повеќе да стои на нозе. Овде, покрај него минуваат луѓе, службеници, сите само го одминуваат, никој ни се нема обратено. Немаме никакво известување, дали конечно на случајот се работи како што треба и дали има некои нови сознанија. Само молк. Мислам дека да беше куче, оставено на улица толку време, сигурно некој ќе му пријдеше, ќе се загрижеше. Ние наидовме само на рамнодушност, препуштени сами на себе, што е разочарувачки за цело општество, вели братот на Дејан.
Додава дека забележале како деновиве во полициксата станица доаѓале повеќе службени луѓе од страна, но не знаел дали се таму поради нивниот случај, или пак поради некоја друга причина. Порача дека брат му не планира да го прекине штрајкот, се додека не се покаже напредок во истрагата.
Вики Клинчарова
ЗЕМЕН ПРИМЕРОК ЗА ДНК АНАЛИЗА ОД СИНОТ НА ИСЧЕЗНАТАТА ЗЛАТА, НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ КОЈ 12 ДЕНА ШТРАЈКУВА СО ГЛАД, ПАК Е ХОСПИТАЛИЗИРАН!
2 Mins Read
Previous ArticleПОРАДИ СИЛНО НЕВРЕМЕ ОТКАЖАНА Е НАСТАВАТА ВО ЗАГРЕБ

