Јаков Јозиновиќ за 20 минути го распродаде деветтиот, па најави и десетти концерт во Белград. Откако за само 20 минути го распродаде деветтиот концерт во белградскиот Сава Центар, Јаков Јозиновиќ најави и десетти.
„Луѓе драги, најавувам нов, рекорден, 10. Сава Центар! Ви благодарам на сета љубов што ми ја давате“, напиша на Инстаграм. Објави и дека продажбата на билети започнува на 4 април во 10 часот преку системот Ticket.rs.
Илјадници чекале да купат билети Интересот на публиката за неговиот деветти концерт беше огромен – околу 9000 луѓе чекале во виртуелен ред за да дојдат до билети, а билетите беа распродадени речиси веднаш, што уште еднаш потврдува колку Јозиновиќ моментално е баран.
Сава Центар, односно Сината сала, е една од најпознатите сали во регионот, со капацитет од околу 4000 места. Јозиновиќ на првите девет концерти ќе го слушаат приближно 36.000 луѓе, а во јуни го очекуваат и концерти во загрепската Арена.
Кои се рекордерите на Сава Центар?
Рекордерка на Сава Центар по број на настапи и понатаму е Лепа Брена, која уште во осумдесеттите со Слатки грех одржала дури 17 последователни распродадени концерти. Здравко Чолиќ во 1998 година распродал девет вечери, а Јозиновиќ сега се изедначи со него, со можност наскоро и да го надмине со оглед на големиот интерес на публиката.
Марија Шерифовиќ во таа сала одржала осум концерти, додека Јелена Розга настапила седум пати.
Младиот музички феномен најави два концерти и во Македонија – во Скопје и Охрид. Првиот настап е закажан на 9-ти април во Спортски центар „Јане Сандански“, додека вториот е на 3-ти август во Антички театар Охрид.
М.К.

