Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, се огласи по повод вчерашната средба со земјоделците во Битола, на која сточари бараа субвенции за кравите, и се жалеа дека Битолска млекарница пак ја намалила цената на млекото.
Дел од присутните на средбата разговараа на висок тон и се расправаа, по што министерот ги опомена да не прават циркус.
Во соопштението кое од МЗШВ доаѓа по средбата, се вели дека сепак, трибината била конструктивна.
-Вчерашната трибина која што се одржа во општина Битола, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, помина во конструктивна атмосфера.
Земјоделците на трибината поставија низа прашања, на истите беше одговорено, што и ja претставува суштината на оваа кампања. Целта на трибината е директен дијалог и слушање на реалните потреби на македонските земјоделци.
Воедно, сакаме да истакнеме дека однесувањето на одредени поединци и однапред смисленото сценарио говори исклучиво за нив самите. Апелираме информациите да се пренесуваат објективно, без генерализација која не ја отсликува реалната слика од вчерашната трибина, објавија од министерството.
Деск

