Вчера во 04:30 часот во Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка, во присуство на родител, лишиле од слобода 13-годишник од Велес.
-При сообраќајна контрола, на регионален пат Велес-Чашка, кај место викано „Пашин мост“, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со германски национални ознаки, управувано од малолетникот, а сопатници во возилото биле 14-годишник и 15-годишник, двајцата од Велес.
За настанот известени биле родителите на тројцата малолетници, а по насоки од јавен обвинител, возачот бил приведен во полициска станица, возилото било одземено, а со двајцата сопатници, во присуство на нивните родители, полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор, извести полицијата.
Известен бил Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
Previous ArticleСЕДУМ ГОДИНИ БЕЗ БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ

