Две лица од неготинско Корешница се лишени од слобода, бидејќи противтправно лишиле од слобода момче од Неготино, го внеле во автомобил, му се заканувале со пиштол и нож, а потоа и физички го нападнале, извести Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале.
Пиштолот и останати предмети биле пронајдени и одземени, а за настанот бил известен јавен обвинител, соопштија од полицијата.
Како што информираат, Б.М. и Ќ.С. се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Деск

