Лишен е од слобода возач од неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил во пешак во село Пепелиште, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско.
Тој управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот Р.М.(62) од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Неготино.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Л.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.76 промили алкохол во крвта и возилото го управувал со активна забрана за управување возило, соопштија од полицијата.
По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Деск
ПРЕГАЗЕН ПЕШАК ВО ПЕПЕЛИШТЕ, ВОЗАЧОТ ИМАЛ ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ И БИЛ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ!
1 Min Read
Previous ArticleПРИЛЕПЧАНЕЦ СО 3,08 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ СЕ ВОЗЕЛ НИЗ НЕГОТИНО!

