На 14 април 2026 година во 10:10 часот, во СВР Тетово, 59-годишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен од правно лице со седиште во градот, чиј сопственик е лице од Турција.
Според пријавата, оштетениот во јануари 2026 година склучил договор за набавка на тепих за верски објект од Италија, во вкупна вредност од 4.500 евра. Притоа, тој исплатил аванс од 3.000 евра, но до моментот на пријавувањето, тепихот не бил испорачан, ниту пак му биле вратени уплатените средства.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Деск

