Поради здравствени причини, концертите на хрватската поп ѕвезда Северина најавени за овој период се одложуваат и ќе се одржат во нови термини, информираат организаторите.
Концертот во Скопје, кој требаше да се одржи на 18 април во арената Борис Трајковски е презакажан за 5 декември 2026 година. Покрај настапот во Скопје, одложен е и концертот во Копривница, кој исто така ќе добие нов термин.
Од организацијата информираат дека сите веќе купени билети ќе важат и за новите датуми, без потреба од дополнителни замени.
За посетителите кои нема да бидат во можност да присуствуваат на презакажаниот концерт, ќе биде овозможено враќање на средствата. Рефундацијата ќе се врши на местото на купување на билетите, додека за оние набавени онлајн е предвидена постапка преку електронска пошта.
Според најавите, рокот за враќање на средствата е ограничен и ќе трае до 21 април 2026 година, по што нема да бидат прифатени барања за рефундација.
Организаторите изразуваат благодарност за разбирањето и им посакуваат брзо закрепнување на пејачката, со надеж дека концертите ќе се реализираат во најдобра можна атмосфера кон крајот на годината.
Деск

