Во угостителски објект на Градскиот пазар во Свети Николе, на 17 април 2026 година попладне, починало машко лице откако му се слошило, информираат од Министерство за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен во 16:30 часот во ОВР Свети Николе. На местото на настанот интервенирала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Свети Николе, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето, како и за целосно расчистување на случајот.
Деск

