На 20 април 2026 година во 14:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 43-годишен жител на Кавадарци, осомничен за физички напад и одземање предмети.
Според информациите од полицијата, лицето со иницијали М.Ј. претходно било пријавено дека на улицата „Елпида Караманди“ во Кавадарци физички нападнало 19-годишник од Неготино, при што му одзело лични предмети.
По преземени мерки, дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.
Деск

