Вчера околу 08:30 часот, во СВР Велес било пријавено дека во Градско се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „даеву“ удрило во пешак.
Според информациите, возилото со кавадаречки регистарски ознаки било управувано од Т.Ј. (68) од Градско, а во несреќата тешко е повредена пешачката Ј.Ѓ. (84), исто така од Градско.
Повредената била пренесена во Општата болница во Велес, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Деск

