Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора, при што беше разговарано за актуелните предизвици со кои се соочува државата, но и за можностите за нејзин понатамошен развој.
Како што информираше Мицкоски, на средбата бил ставен акцент на унапредување на односите со Австрија, кои, според него, се пријателски и блиски, а исто така тој упатил порака и до македонските иселеници, истакнувајќи дека дијаспората претставува нераскинлив дел од државата и ги повикал да размислат за враќање во земјата, инвестирање и поактивно вклучување во општествено-економскиот развој.
-Денеска во Виена имав можност да се сретнам со нашите сограѓани од македонската дијаспора. Разговаравме отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како држава.
Посебно ја истакнав важноста од продолжување и продлабочување на пријателските односи со Австрија. Блискоста меѓу нашите земји е јасна, а таа треба да ја претвориме во уште поголема економска соработка и нови инвестиции.
Испратив порака до нашите луѓе во дијаспората, тие се нераскинлив дел од Македонија. Ги повикав да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата. Како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори.
Овие средби се важни затоа што градат заедништво и доверба. Убеден сум дека само заедно, со поддршка од дијаспората и со силни меѓународни партнерства, можеме да ја движиме државата напред.
Работиме посветено, чекор по чекор, со јасна цел економски развој и подобар живот за сите наши граѓани, порача Мицкоски.
Деск
МИЦКОСКИ: ГИ ПОВИКАВ НАШИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ДА РАЗМИСЛАТ ЗА ВРАЌАЊЕ И ИНВЕСТИРАЊЕ ВО РАЗВОЈОТ НА ДРЖАВАТА
2 Mins Read
Previous Article,,ПОТОЧИЊА” ДОНЕСЕ 17 НОВИ ПЕСНИ

