На 21 април 2026 година во 10:40 часот, во Полициската станица во Гостивар бил пријавен случај на физички напад врз доставувач на брза пошта.
Според информациите од пријавата, 67-годишен жител на Гостивар бил нападнат додека ги извршувал своите работни задачи. Инцидентот се случил на улицата „18 Ноември“, по претходна расправија поврзана со времето на достава. Како што е наведено, нападот бил извршен од лице со иницијали Д.К., исто така од Гостивар.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Деск

