На 21 април 2026 година околу 17 часот, во Полициското одделение Галате било пријавено дека во гостиварското село Градец се случила тешка несреќа при изведување градежни работи, при што животот го загубил 48-годишен жител на Тетово.
Според првичните информации, несреќата се случила кога мажот се обидувал да одглави заглавена сајла на кран. Во тој момент дошло до пукање на метален дел од конструкцијата, кој со силен удар го погодил во пределот на главата.
Екипа на Итната медицинска помош пристигнала на местото на настанот, но лекарот можел само да констатира смрт.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициска екипа од ОВР Гостивар. По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а надлежните институции продолжуваат со утврдување на сите околности поврзани со несреќата.
Деск

