Најновата листа на најубави места во светот, објавена од реномираниот магазин Time Out, донесе значајно признание за Балканот – дури три природни дестинации од регионот се најдоа меѓу избраните.
Меѓу нив е Национален парк Плитвички Езера во Хрватска, кој важи за еден од најимпресивните природни паркови во Европа, познат по каскадните езера и водопади со препознатлива тиркизна боја.
На листата се најде и Которски залив во Црна Гора – природен феномен опкружен со стрмни планини и историски градови, кој често се споредува со норвешките фјордови.
Третата дестинација е Јањски острови во Босна и Херцеговина, помалку познато, но исклучително живописно место со мрежа од мали острови, реки и густа вегетација.
Изборот на Time Out уште еднаш потврдува дека регионот изобилува со природни убавини кои можат да конкурираат на најпознатите светски туристички дестинации. Присуството на три локации од Балканот на оваа престижна листа е силен показател за растечкиот интерес на меѓународната јавност за овие простори.
Деск

