Еден ден пред да загине, Влатко Петров се слушнал со своето семејство. Кажал дека наскоро ќе се врати и ќе прави свадба кон крајот на мај. И Димитер Двојаковски, еден ден претходно се слушнал со сопругата и едногодишниот син, и им кажал дека на трети мај ќе си дојде дома, бидејќи ќе користи викенд. Овие војници никогаш не се вратија кај своите најблиски.Влатко имаше 24 години, а Димитар 29 години.
На денешен ден, пред 25 години војниците Димитар Двојаковски и Влатко Петров беа убиени кај селото Ваксинце во заседа на УЧК.
На 3 мај 2001, Двојаковски и Петров биле во воен транспортер со вкупно седуммина припадници на АРМ и се движеле кон Ваксинце, Општина Липково, каде налетале на заседа. Без никакво предупредување, повеќе од 70 припадници на тогашната УЧК почнале да пукаат од сите страни и ги убиле сите кои биле во армиското возило.
Влатко имал еден постар брат, Коце, кои после неговата смрт се вработил како затворски чувар во Штип. На 4 јануари 2016, Коце и уште еден чувар загинуваат откако нивното возило излетало од патот, паѓајќи во коритото на реката Брегалница. Семејството Петрови од Чардаклија за 14 години ги изгубија двата сина.
Димитар пак, имал завршено средно електротехничко училиште. Подолг период попусто барал вработување. На крајот за да обезбеди егзистенција за своето семејство, имајќи ги сите психофизички предиспозиции за добар војник, се пријавил и завршил обука за специјалната единица Скорпиони.
Во чест на загинатите штипски бранители, во спомен паркот Кртеќе во Штип е подигнато спомен-обележје.
Деск
Previous ArticleПОСКАПУВА ТАКСИ ПРЕВОЗОТ ВО ОХРИД

