Струмичанец е возачот кој го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила кај Славонски Брод во Хрватска. Тој управувал камион со македонски регистерски таблички, јавуваат струмичките медиуми.
Несреќата се случила вчера околу 14:15 часот, кога камионот излетал од коловозот, удрил во столб и се запалил. Според информациите од надлежните служби, возилото најпрво ја пробило централната метална заштитна ограда, удрило во столб за јавно осветлување и преминало на спротивната, северна коловозна лента. Потоа повторно удрило во заштитната ограда и во уште еден столб.
Од здобиените повреди на лице место починал возачот, кој бил вработен во транспортна фирма од Куманово.
Сопственикот на фирмата бил информиран за несреќата, по што се упатил кон местото на настанот.
Деск

