По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика.
-Си замина нашата Ирена. Се боревме една и пол година. Тешко, со болка, но и со надеж. Мала, но надеж. На крајот, се предаде. Така, има години, месеци и денови, кои се баш тешки. Овие се токму такви, напиша на „Фејсбук“ директорот на МИА, Дарко Јаневски.
Погребот ќе биде утре на гробиштата во Радишани во 11 часот (капела во 10.30 ч).
Деск

