Случајот на осудениот убиец Вејд Вилсон повторно ја шокира јавноста по емитувањето на документарната серија на Netflix „Worst Ex Ever“, која го прикажува неговото злосторство и судскиот процес.
Вилсон во 2019 година брутално убил две жени во Флорида – Кристин Мелтон и Дајан Руиз, а во 2024 година бил осуден на смртна казна. Сепак, она што предизвика дополнителни реакции е фактот што за време на судењето добивал огромен број пораки од жени кои му изразувале поддршка и сочувство.
Според американските медиуми, осудениот добил илјадници пораки преку интернет, стотици фотографии и десетици рачно напишани писма. Дел од жените му испраќале љубовни пораки, а некои дури му пишувале и на судијата со барање смртната казна да му биде заменета со доживотен затвор.
Во писмата, поддржувачките тврделе дека Вилсон имал сериозни проблеми со менталното здравје и зависност од дрога, поради што, според нив, заслужувал шанса за рехабилитација и покајание.
Психолозите ваквите случаи ги поврзуваат со феноменот на романтизирање криминалци, кој и претходно бил забележан кај сериски убијци како Тед Банди. Според експертите, дел од луѓето развиваат емоционална привлечност кон опасни личности поради медиумското внимание, харизмата или озлогласеноста што ја добиваат.
Вејд Вилсон моментално се наоѓа во затвор во Флорида, каде ја чека извршувањето на смртната казна, додека неговите адвокати продолжуваат со жалбената постапка.
Деск

