По четири распродадени концерти во „Белградска арена“ и неодамнешниот настап во Скопје, Владо Георгиев ова лето повторно доаѓа во Македонија со еден ексклузивен концерт на отворено.
Настанот ќе се одржи на 27 јуни на Ракометното игралиште во Битола, како продолжение на минатогодишната концертна приказна во Хераклеја, која остави силен впечаток кај публиката.
Организаторите најавуваат „господски концерт“ со препознатливата боемска естетика и музичка елеганција на Георгиев, при што публиката ќе има можност да ги слушне неговите најголеми хитови, меѓу кои „Zbogom ljubavi“, „Mi nismo mi“, „Reci mi da znam“, „Iskreno“, „Djevojka za dva minuta“ и „Anđele“.
Влезниците се достапни по промотивна цена до 15 мај 2026 година, а можат да се набават на штандот во Портал 2 на Широк Сокак во Битола, како и онлајн преку ddtickets.com.
Б.Н.

