Државјанин на Турција се здобил со тешки телесни повреди при работа на градилиште во Кавадарци, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 10 мај 2026 година околу 12:25 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница во Кавадарци бил донесен повредениот А.К. (24) од Република Турција.
Од МВР наведуваат дека тој се повредил додека извршувал работни задачи на градилиште во Кавадарци.
За случајот биле известени јавен обвинител и инспектор за странци, а увид на местото извршиле трудов инспектор и увидна екипа од ОВР Кавадарци. Надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
Деск

