Трајчо Б. (25) од Малотино, убил четири жени, а две од неговите жртви кои ги нападнал успеале да спасат. Жртвите се од Старо Нагоричане, а Трајчо, кој бил овчар, првин ги дебнел, а потоа им влегувал дома и ги убивал.

Обвинителот Љубомир Лапе кој ја води истрагата истакна дека ќе биде поднесено обвинение за шесте жртви, и тоа за четири убиства и два обиди за убиство, а се уште важела наредбата, да се истражи дали има и други убиени жени од серискиот убиец Трајчо.
Според обвинителството, Првите две убиства, за кои е веќе отворена истрага, се случиле во периодот од 23 јануари до 12 февруари, додека втората истрага се однесува на настани од 17 до 18 јануари годинава. Третото проширување на истрагата ги опфаќа убиствата сторени во периодите од 5 до 6 јануари и од 5 до 6 јуни лани. Обидите за убиство, според истрагата, биле извршени на 21 јуни и на 9 февруари минатата година.
Поднесено е и обвинение против двајца лекари кои тврделе дека жените се починати од природна смрт, а полицајците кои доаѓале на увид не биле одговорни, бидејќи им верувале на лекарите.

Најмладата жртва на Трајчо е 35-годишната Марија Маринковска, која беше ексхумирна за да се утврди причината за нејзината смрт. Нејзиниот татко пред ТВ камери раскажуваше дека таа претходно била вознемирувана и следена од осомничениот. Останатите жртви се повозрасни жени.
-Трајчо не е виновен, пасеше овци и беше мирен, но селаните ни љубоморат бидејќи имаме 250 овци, вака го бранеше неговата мајка, која за кумановското Бум Радио раскажа дека селаните поради љубомора не ги сакале и го пријавувале син и во полиција за кражби.
Претседателот на Месната заедница во Челопек пак, Стојан Станковски, набргу по откривањето на првите две убиства раскажуваше дека сите биле под клуч, бидејќи мештаните биле уверени дека осомничениот не можел сам да ги планира и извршува делата.
Деск

