Во Виена, Австрија се одржа финалето на 70-то јубилејно издание на познатиот музички натпревар Евровизија. Настапија 25 земји, а победата ја однесе Бугарија со изведувачката Дара и песната ,,Бангаранг”,. Второ место е Израел, а пак третото место го освои Романија.
Годинешното издание на Евровизија донесе освежување кое долго време се очекуваше – враќање на фокусот кон музиката и квалитетот на песните. По неколку години во кои сцената често беше засенета од ексцентрични стајлинзи и настапи на граница на пристојноста, годинава публиката имаше можност да ужива во вистинска музичка разновидност.
Од моќни балади, преку модерни поп-хитови, до рок, електронска музика и етно-звуци, сцената на манифестацијата оваа година беше исполнета со разновидност, која не само што донесе поголема динамика, туку и ја направи Евровизија повторно блиска до пошироката публика.
Изведувачите ставија акцент на вокалните способности, емоцијата и пораката на песните, што резултираше со поквалитетен и подостоинствен натпревар.
Наместо шок-ефект и визуелен спектакл по секоја цена, годинава доминираше автентичноста – нешто што публиката очигледно го препозна и го награди.
Иако сценските настапи и понатаму остануваат важен дел од шоуто, тие беа во функција на музиката, а не обратно. Со тоа, Евровизија направи чекор напред кон своите корени – славење на различноста преку песна, а не преку контроверзијаи со ваквиот пристап, фестивалот повторно се позиционира како семејна забава и културен настан што обединува – токму она што го направи глобален феномен со децении.
Македонија пак, 4-та година по ред не учествуваше на настанот.
В.К.

