Жена на возраст од 56 години е тешко повредена во сообраќајна незгода што се случила синоќа во Кавадарци, информираат од СВР Велес.
Несреќата била пријавена на 16 мај во 22:00 часот, на крстосницата меѓу улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Никола Минчев“, каде патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.К. од Кавадарци, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата, возачката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. Надлежните работат на утврдување на причините за несреќата.
Деск

