Два обиди за телефонска измама се пријавени на 18 мај 2026 година во СВР Велес, при што цел на измамниците биле повозрасни жители од општина Градско.
Како што информира полицијата, во првиот случај 69-годишен маж добил телефонски повик од непознато лице кое му соопштило дека неговата ќерка наводно доживеала тешка несреќа и се здобила со скршеници, поради што итно требало да биде оперирана во болница во Скопје. Измамникот побарал 20.000 евра за наводната интервенција. Вознемирен, мажот веднаш тргнал кон Скопје со такси возило, но благодарение на внимателноста на возачот, кој го предупредил за вакви измами, случајот бил спречен и пријавен во полиција.
Во вториот случај, 71-годишна жена од Градско била контактирана од лице кое се претставило како лекар од Општата болница во Кавадарци. Тој ѝ кажал дека нејзината ќерка е повредена и дека за итна операција потребни се 30.000 евра. Жената се упатила кон болницата, но откако не нашла никого и стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама, по што веднаш го пријавила случајот.
Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и апелираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви телефонски повици, особено кога се бараат пари за наводни итни медицински интервенции.
Деск
ТАКСИСТ СПРЕЧИ ИЗМАМА: МАЖ ЗАМАЛКУ ЌЕ ОСТАНЕЛ БЕЗ 20.000 ЕВРА, ЖЕНА СО 30.000 ЕВРА ВО РАЦЕ ЧЕКАЛА ПРЕД КАВАДАРЕЧКАТА БОЛНИЦА!
1 Min Read
Previous ArticleОД ХАОС ДО СИСТЕМ: АЛИУ НАЈАВУВА ПАМЕТНО ЗДРАВСТВО

