Ниту малку не ми е срам што плачев пред публиката. Првенствено, тоа е благодарност и тоа е чувство кога на миг ќе ме допре таа солза, кога се освестувам дека ова е нешто за кое сонував цел живот. Некако, тоа ми е и најубавиот дел од турнејата, бидејќи тогаш сум потполно свесен за се што се случува, вели младиот Јаков Јозиновиќ, момчето кое со својот глас и харизма го освои регионот.
Младиот Хрват имаше концерт во Скопје, каде на крај не ги криеше солзите пред публиката, настапи и во Словенија, а деновиве десет пати го наполни Сава Центар во Белград. И пред тамошната публика не можеше да се воздржи и заплака.
Овој музички феномен, веќе закажа концерт и во белградска Арена, а влезниците се распродале за само неколку часа.
-Давам 110 проценти од себе, постојано сум на пат, и за сиот тој труд, дека некој тоа го гледа, потврдува и поздравува, мене ми е награда. Солзите се случуваат во миг кога сфаќам што навистина ми се случува, кажа Јаков за Ин Магазин.
Б.Н.

