Со песната ,,Во добро и зло” од Борис Новковиќ во позадина, фолк пејачката Анета Љумаковска објави фотографии од нејзината венчавка со колегата Рубин Размо.
Веста за венчавката на Анета, која своевремено беше дел од познатата битолска група Молика, на некој начин како да беше очекувана, бидејќи парот со месеци наназад се појавува заедно во јавност и не ја крие својата блискост.
Неодамна во интервју за Гламур, таа кажа дека е вљубена, но не повторно, туку за првпат.
Инаку, Љумаковска беше во брак со музичарот Џими Мицевски, и заедно имаат една ќерка. Заедно со групата Молика, во која членуваше и Рубин, имаа бројни настапи во земјава и странство, а по разводот Анета продолжи со соло кариера.
На настапите ја придружува Анета Бенд, како и Рубин, кој свири саксофон.
Деск

