Директорот на молдавската државна радиотелевизија, Влад Țуркану, поднесе оставка по реакциите и критиките околу гласањето на националното стручно жири на овогодинешниот Евровизија.
Контроверзиите се појавија откако жирито на Молдавија ѝ додели минимален број поени на Романија, иако публиката од земјата ѝ даде максимални 12 поени. Дополнителен револт предизвика и фактот што украинскиот претставник не добил ниту еден поен од жирито.
Одлуките на стручното жири наидоа на остри реакции во јавноста и обвинувања за политичко влијание врз гласањето, наместо чисто музичка проценка.
Во ваква атмосфера на притисок и критики, Влад Țуркану соопшти дека ја презема одговорноста за случувањата како прв човек на институцијата и поднесе оставка.
Скандалот отвори нови дебати за транспарентноста и критериумите на жирито во рамки на Евровизија, која и оваа година беше проследена со силни реакции и полемики околу резултатите.
Б.Н.
ДИРЕКТОРОТ НА МОЛДАВСКАТА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО СКАНДАЛОТ СО ЕВРОВИЗИСКОТО ГЛАСАЊЕ!
1 Min Read
Previous ArticleИМАМЕ ТИВОК, НО МАСОВЕН ЕГЗОДУС НА СТОЧАРСТВОТО, ВЕЛАТ ОД СДСМ

