-Татко ми ми ги фрлаше книгите низ прозор или во шпорет и кажуваше дека од мене ништо нема да биде, да не се обидувам и да не сонувам, дедо ми ме тепаше со цревото за вода, а мајка ми стануваше во три часот наутро, преморена и гладна, за да фати место на пазарот и да продава цвеќе и календари, само за јас да имам шанса. Луѓе, јас немав што да јадам, некогаш јадев еднаш дневно, а мајка ми некогаш не јадеше по цел ден за јас да имам – со овие зброви ја започнува својата приказна Марко Николиќ (37) од Врање, познатиот хуманист, екстремен спортист и магистер по економија, кој во изминатите години изгради домови за десетици семејства во Србија, и успеа преку неговата фондација ,,Заедно можеме” да собере стотици илјади евра за лекување на болни деца.

-Го повторував одделението и бев оној за кого кажуваа дека нема да успее. Работев буквално се, мешав малтер, додавав алат, бев на дното, во каналот – и буквално и во животот, ме бркаа од дома, и да не беше тетка ми, не знам каде ќе завршев. Им простив на татко ми и дедо ми, затоа што не сакав да ме голтне нивниот мрак, завршив факултет и магистрирав со просек 9,30. И не за да им докажам нив, туку за да си докажам себе, дека детето кое го кршеа може да стане човек и да гради. И запамтете, ако сакате да видете чудо, бидете чудо, тешкиот живот не го уништува човекот, туку создава силни луѓе. Ако си на дното и немаш поддршка, не значи дека си слаб, туку дека животот те подготвува за нешто големо. Не ги слушајте оние кои ви кажуваат дека не можете и ве кршат, затоа што тие кои имале најмалку, стануваат оние кои даваат најмногу, порача Николиќ.
Тој е познат по своите екстремни трки низ пустини и низ заледени езера ширум светот, подвизи кои ги документира и објавува на социјалните мрежи. За првпат се појави во јавност во 2018 година, кога трчаше од Ниш до Атина и преку фондацијата собра 80.000 евра за лекување на девојче од Алексинац.

Го освои највисокиот врв на Калимаџаро за четири дена и собра пари за лекување на три деца од Врање, трчаше 1.420 километри низ пустина и собра 80.000 евра за лекување на пет-годишно дете од Ниш кое има ретка болест, собра 20.000 евра за време на подвиг со кајак, велосипед и трчење, поминувајќи 2.450 километри за 36 дена, и купи апарт од 20.000 евра за лекување на деца болни од рак за нишката болница.
Пред две години го доби високото признание ,,Најплеменитији подвиг године” кое го доделува Вечерње новости, со цел да се оддаде признание на поединци и организации кои покажале исклучителна храброст, хуманост и несебичност.
Деск

