Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид утре (28 мај 2026 година), со почеток во 08:00 часот, ќе реализираат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пред почетокот на активностите ќе бидат преземени засилени безбедносни мерки, кои опфаќаат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје околу стрелиштето, со цел да се спречи движење и пристап на граѓани во безбедносните зони.
За време на вежбовното гаѓање ќе биде обезбедено и медицинско присуство од екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид, кои ќе бидат подготвени за брза интервенција доколку има потреба.
Од СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните кои се движат во близина на стрелиштето да ги почитуваат поставените ознаки и натписи за забранет пристап, да не се задржуваат во означените безбедносни зони и целосно да постапуваат по насоките на полициските службеници.
Од институцијата нагласуваат дека ваквите активности се дел од редовната обука на полициските сили, со цел одржување и унапредување на оперативната подготвеност.
Деск
ВЕЖБА СО БОЕВА МУНИЦИЈА ВО ОХРИД – АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ЗАБРАНИТЕ
1 Min Read
Previous ArticleТРАГЕДИЈА НА ХАЛКИДИКИ: ЖЕНА ОД СРБИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ПЛАЖА

