На 27.05.2026 година во 13:30 часот во СВР Тетово, Ф.И. (36) од Тетово пријавил сериозен инцидент кој завршил со сообраќајна несреќа и превртување на возило.
Според пријавеното, околу 05:30 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во неговото возило „пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки, по што продолжило да го следи низ градот.
Во обид да се оддалечи од возилото, пријавителот се упатил низ градот, при што на крстосницата меѓу улиците „Видое Смилевски Бато“ и „29 Ноември“ забележал и службено возило на МВР со вклучени ротациони светла зад него. Сепак, поради страв не застанал и продолжил да се движи кон новиот пат за село Порој.
На тој дел од патот, возачот изгубил контрола над возилото и се превртел на кров.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Деск

