Нова форма на интернет измама зема замав во регионот, а жртви стануваат и млади луѓе кои тешко препознаваат дека станува збор за измама.
Според информации од хрватските медиуми, 25-годишна девојка и 30-годишен маж од Сплит останале без вкупно 8.000 евра, откако наседнале на навидум убедливи пораки. Измамниците им се претставиле како блиски лица или како легитимни сервиси, барајќи итна финансиска помош или внесување на банкарски податоци.
Во комуникацијата користеле уверлив тон и реалистични сценарија, што придонело жртвите да поверуваат дека станува збор за вистинска ситуација. По извршените уплати, парите биле повлечени, а контактот со измамниците прекинат.
Полицијата предупредува дека ваквите измами се сè почести, особено преку апликации за пораки и социјални мрежи, каде што измамниците лесно доаѓаат до потенцијални жртви.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични и банкарски информации преку пораки, како и да не вршат уплати без претходна проверка. Во случај на сомнеж, препорачуваат директно да се контактира лицето кое наводно ја испратило пораката. Истрагата за случајот е во тек.
Деск
Previous ArticleМИЦКОСКИ: НАМЕСТО ПОСКАПУВАЊЕ – СТРУЈАТА МОЖЕ ДА ПОЕВТИНИ

